Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Дали „Пиратите“ Кирацовски-Таневски се новите европски сопственици на „РАГУЗА“ во Скопје??

pirati

Во екот на големата борба „Излези за Европска Македонија“, се одвива нова криминална европска партиска малверзација за зголемување на имотот на дел од партиските челници на СДСМ, претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Лазе Таневски и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, дознава ОхридСкај.

ОПЕРАЦИЈА РАГУЗА

Познатиот угостиелски објект во Скопје –ресторан „РАГУЗА“ во сопственост на познатиот угостител Мирко Голомеиќ, а кој објект беше земен под закуп од ССМ досега, со годишна кирија од 50 илјади евра, претседател на ССМ, Дарко Димовски, заедно со претседателот на Синдикат за одбрана,  Ристо Ајтов стокмиле план во хотел „Лаки“ Охрид, како по секоја цена познатиот ресторан во Скопје „РАГУЗА“ да го дадат без претходен било каков договор од ССМ без јавен договор на фирмата на Лазе Танески „Теди Комерц“ Охрид, а која фирма наводно се јавувала како доверител на ССМ по основ на угостителски услуги?!

Редакцијата ОхридСкај го контактираше досегашниот сопственик на „РАГУЗА“. Мирко Голомеиќ, кој телефонски до редакцијата ОхридСкај  ја даде следната изјава:

„Ова што се случува е најстрашен чин. Јас имав договор со ССМ и со Република Македонија, за 10 годишно користење на деловниот простор сопственост на ССМ, и на 200 метри квадратни тераса, чие земјиште е сопственост на РМ. Договорот со ССМ заврши на 01.07.2018 година, за што јас плаќав 50 илјади евра годишен закуп на ССМ редовно секоја година, а додатно плаќав закуп и за земјиштето кое се користеше како тераса на РМ. Веднаш по формирањето на новата Влада од страна на генералниот секретар на СДСМ Кирацоски и на претседателот на Синдикатот на ССМ Димовски ми беше кажано преку посредници дека ќе летам и дека објектот ќе го земат Кирацовски и Танески. На моето барање за продолжување на договорот за закуп со ССМ од страна на ССМ и претседателот Димовски немав одговор. На ден 01.08.2018 година од страна на извршител Роза Родиќ од Скопје без претходна било каква судска пресуда добивме извршен акт за иселуавње и рушење на сите пропратни содржини внатре во ресторанот, но да биде уште поголема иронијата во извршното решение издадено од извршителката Роза Родиќ се бара присилно мое рушење и на тересата која не е сопственост на ССМ, туку е сопственост на РМ. За преземеното дејствие, изготвување на извршно решение, извршителката Родиќ присилно ми наплати на име на извршителска награда фантастични 610 .000 денари или 10 илјади евра, по кој тарифник никој не кажа. За овие настани запознаени се сите, дури запознаен е и премиерот Зоран Заев. Во моментов се наоѓам во Хрватска, додека на мој трошок се врши рушење и иселување од објектот „РАГУЗА“ кој треба веднаш да го предадам на новиот сопстеник. Во понеделник доаѓам во Македонија и за истиве настани ќе ја известам целата македонска јавност.“- ќе истакне за ОхридСкај, Голомеиќ.

Додека во Македонија на големо се одвива кампањата „Излези за Европска Македонија“, Таневски секојдневно е во Скопје. Очекуваме сите повикани во текстот јавно да се произнесат за настаните околу „РАГУЗА“, посебно да се произнесе генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Лазе Танески, како и претседателот на ССМ, Дарко Димовски која е политичката игра и позадина со деловниот простор на „РАГУЗА“?!

Утре ќе прашаме кој ќе отвора европска Дискотека во просториите на Службеник Весник?!

С.Д

Фото илустрација: Про-европски странски служби, црн пасат 111ТТ