Број на текстови објавени денес: 104
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

„Давид против Голиат” ќе биде насловена новата сезона на Срвајвер (ФОТО)

Добитникот на Еми награда, Срвајвер се враќа оваа есен со 37-та сезона со наслов „Давид против Голиат”. Во оваа сезона ќе се натпреваруваат 20 учесници разделени во две племиња. Оние учесници кои се во племето Давид, требало да поминат пречки во својот живот, додека тие во племето Голиат се потпирале на привилегии.

Gir-Rig-24-Rodenden

Оваа сезона всушност ќе има битка помеѓу оние кои немаат голема шанса да победат и се нарекуваат “андрдогс”, како и оние кои се „фаворити”. Воедно ќе се види дали секој Голиат има ахилова пета и дали секој Давид има скриено оружје.

Најстариот учесник има 56 години, а најмладиот учесник е на возраст од 19 години.

„Срвајвер: Давид против Голиат” ќе започне на 26 септември со специјална епизода од 90 минути.

Фото: CBS
Фото: CBS