Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Гувернерката на НБРМ на презентација на најновиот Регионален економски преглед за Европа на ММФ

Народната банка на Република Македонија информира дека таа и гувернерот на Централната банка на Данска, Пер Калесен, преку одделни излагања ќе ги изнесат своите видувања и оценки за одделни области опфатени со Прегледот, за кој, задржувајќи се на главните наоди и согледувања, прво ќе говори директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, Пол Томсен.

ММФ редовно го презентира Регионалниот економски преглед за Европа, што се објавува со полугодишна периодичност, пред светската јавност на настан од ваков формат, а есенва, првпат на настанот за еден од тројцата говорници е поканет гувернер на НБРМ.

Во Прегледот на ММФ се прикажуваат најновите економски случувања и перспективите за земјите од различни региони на Европа, при што се посочуваат и економските политики што влијаат на економските состојби. Меѓу другото, во него е содржана и дискусија за главните предизвици со кои се соочуваат економските и политичките чинители во Европа. Во Прегледот се презентираат специфични податоци и анализи за европските држави, како и аналитички текстови за прашањата што се од особен интерес за некои од државите.

Гувернерката на НБРМ, Ангеловска-Бежоска ќе го искористи овој значаен настан на ММФ и за билатерална средба со гувернерите на Централната банка на Данска Ларс Роде и Пер Калесен.