Број на текстови објавени денес: 58
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Грчката влада го прекина фудбалското првенство по хаосот во Солун

ivan-savidis-696x365

Владата на Грција одлучи да го прекине фудбалскиот шампионат на неодредено време по скандалот во Солун кога сопственикот на ПАОК Иван Савидис на дуелот против АЕК влезе во теренот со пиштол во обид да се пресмета со судијата.

По денешната средба на грчкиот премиерот Алексис Ципрас и заменик министерот за спорт, Јоргос Василијадис е донесена одлука да се прекине шампионатот.

– Одлучивме да прекине првенството. Нема да продолжи сѐ додека не се воспостави нова рамка со нови правила и услови – изјави Василијадис.

Претставници на Федерација на Грција и на Владата се во постојан контакт со УЕФА и сега за сега не постои можност за санкции поради мешањето на политиката во спортот.

Поради ситуацијата на стадионот Тумба, грчката полиција издаде налог за апсење на Савидис и четворица членови од неговото обезбедување.