Број на текстови објавени денес: 39
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Груевски се чувствува како во „Процес“ од Кафка, СЈО забегало

gruevski-sud1-696x365

Со секое доаѓање во судот, еве сега од осум во шест дена треба да бидам на рочишта во разни предмети, се чувствувам како во едно од врвните дела посветени на апсурдниот „Процес“ од Кафка, изјави Никола Груевски по излегувањето од судот каде денес требаше да се одржи главната расправа за предметот „Насилство во Општина Центар”, но беше одложена поради болест на еден од обвинетите.

Тој рече дека денешното барање на обвинителите од СЈО да му се изрече притвор на обвинетиот кој според нив само сака да го одолговлекува процесот, укажува на забеганоста на СЈО.

На новинарско прашање какви пресуди очекува, дали можеби затворска казна за некое од делата за кои е обвинет, Груевски одговори дека ако се работи по закон, не само што не треба да ги осудат, туку не треба воопшто да има судења.

– Ова станува театар на апсурдот – прокоментира тој.

Груевски зборуваше и за вчерашното судење за предметот за набавката на мерцедесот кое имаше маратонско рочиште.

– Вчера судијката одлучи да го продолжи рочиштето до 18.30. Не е проблем за мене, сум работел јас до доцна, но доколку тоа важи за сите. Во овој случај имаме ситуација кога за никој не се останува вон работно време, ниту за најголемите монструми и убијци, но кога сум јас во прашање имаме пролонгирање додека судијката не си ја заврши својата замислена обврска. Истата двојка судии кои вчера направија на некој начин скандал, се оние кои му судат и на Заев и му закажуваа на месец дена. Очигледно е дека судиите имаат добиено политичка агенда и мора да ја исполнуваат – вели Груевски.

За случајот со мерцедесот тој рече и дека тројцата сведоци кои ги предложило СЈО вчера ги демантираа наводите на обвинителството.

Груевски раскажа дека тие вчера сведочеле дека никој не им вршел притисок и се било согласно закон, а и самите укажале на неопходноста од набавка на блиндирано возило.

– И сведокот кој е раководител на компанијата кажа дека првпат ваков вид возило државата го набавила со тендер затоа што законот овозможува да не се набавува со тендер, туку во директен договор со компанијата – посочи Груевски.