Број на текстови објавени денес: 84
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Градот Охрид и хотелиерите заеднички ќе настапат на престојните туристички саеми?

Ohrid(15)

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и претставници на секторите за туризам при Локалната самоуправа денеска одржува средба со хотелиерите и сопствениците на поголеми сместувачки објекти од градот.

Стојаноски појасни дека станува збор за активност на иницијатива на Општината, дел од зацртаната агенда на новата општинска власт за поголема вклученост на туристичките субјекти во организирањето на активностите насочени кон што подобро претставување на охридската туристичка понуда во земјата, регионот и светот.

– Преку разговори со претставнци на бизнис-секторот сакаме да утврдиме што се треба да стори Општината за да имаме добар настап на саемски манифестации, со првична цел – утврдување на целните пазари на кои Општина Охрид треба да ги помага хотелиерите и сите субјекти од секторот туризам. Сакаме да ги добиеме нивните мислења и на таков начин, согласно реновирањата во буџетското планирање, да се издвојуваат буџетски средства согласно барањата на целните сегменти и самите граѓани, во конкретниот случај субјектите од секторот туризам – рече Стојаноски.

Тој најави дека вакви средби ќе продолжат на редовно ниво и во наредниот период, како начин за унапредување на состојбите во секторот туризам и подобрување на претставувањето на градот Охрид како најпозната туристичка дестинација во земјата.