Број на текстови објавени денес: 84
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Гвардиола: Играчите ми се фантастични

Gvardiola_vs_Sahjtor

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше многу задоволен од победата со 2:1 над Бристол Сити во првиот натпревар од полуфиналната пресметка во Карабао купот.

– Играчите ми се фантастични. Во фудбалот можеш да победиш или да изгубиш, но најважно е да се бориш до крај. Токму затоа победивме, бидејќи не се откажуваат до последно. Знаеме какво е ова натпреварување. Во него има многу натпревари, а полуфиналето секогаш е тешко и затоа сум толку задоволен, рече Гвардиола.

Според него „граѓаните“ има уште многу работа во реванш. Тој го пофали ривалот за неговата добра игра во натпреварот.

– Бристол Сити е фантастичен тим и затоа успеа да елиминира четири премиерлигаши. Не се случајно во полуфиналната фаза. Тие умеат да играат со долги топки, а напаѓачите им се доста брзи. Знаат што да прават на теренот и реваншот во Бристол нема да е воопшто лесен, додаде Шпанецот.

Сити го победи Бристол синоќа во Манчестер со 2:1, по пресврт, откако првото полувреме заврши со водство на гостите од 1:0.