Број на текстови објавени денес: 104
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

„Гардијан“: Охрид е една од 10. европски дестинации за одмор на крајот на летото

Со својата историска архитектира, прекрасните пејсажи и култура, овие шармантни европски градови се совршени за доцното летно/есенско бегство, пишува угледниот „Гардијан“.

Прва на ранг листата е Катанија на Сицилија, во Италија, следува Белград на високото второ место. По Белград следува Каунас во Литванија, па Кошице во Словачка, Бари во Италија, Подгорица-Црна Гора, Охрид во Македонија, Превеза во Грција, Гренобл-Франција и Пула во Хрватска.

„Гардијан“ го опишува Охрид како град „крајбрежје“ во Македонија. Стариот град се спушта низбрдо на брегот на Охридското Езеро, со своите шеталишта и плажи. Улиците од калдрма се преполни со цркви и традиционални куќи, а ридот е крунисан со разурнатата тврдина Самуил. Други архитектонски знаменитости ги вклучуваат 2.000 години стариот амфитеатар и фотогеничната црква „Свети Јован Канео“ од 13. век, која се наоѓа на карпа со поглед на езерото.

Откако ќе ги истражите градот и езерото, одморете се на манастирот „Свети Наум“ и блиските извори: нурнете во „Заливот на коските“, подводно археолошко наоѓалиште или пешачете во планините на националниот парк Галичица.
„Гардијан“ ги наведува и местата кои треба да се посетат за да уживате во вкусна риба и во ноќниот живот.