Број на текстови објавени денес: 3
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Втор ден протести во Скопје против договорот со Грција

Пред Собранието и вечерва се одржува протест на здруженија на граѓани поради договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името.

Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, пред која е поставен полициски кордон.

Побараа да запрат активностите за промена на името и оценија дека договорот е штетен за државата.

Како што изјавија дел од учесниците на протестот, граѓаните треба да покажат дека тие одлучуваат за својата и иднинатата на државата.

– Секој граѓанин без оглед на националноста и политичката определба треба да учествува на протестите и да се спротивстави на договорот, ова се критични времиња за државата, да им се спротивставиме на неодговорните политичари, беа дел од пораките на протестот.