Број на текстови објавени денес: 60
image003
image003

Во Турција вратени на работа 1.800 државни службеници

ankara(40)

Tурските власти денеска вратија на работа 1.800 државни службеници, кои беа отпуштени по неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година.

Одлуката беше донесена откако турските власти утврдија дека отпуштените лица немаат никакви врски со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, чија организација ФЕТО, Турција ја обвинува за воениот удар.

Владата на Турција прецизираше дека 1.823 лица ќе бидат вратени на нивните работни места, но не даде објаснение зошто тие лица останале без работа.

По пучот во Турција, 150.000 лица во земјата беа отпуштени или суспендирани од нивните работни позиции, а над 50.000 лица, меѓу кои и државни службеници и припадници на безбедносните сили беа уапсени.