Во Софија вечерва се одржува свечена церемонија по повод бугарското претседавање со Советот на Европска унија, на која присуствуваат и високи претставници на ЕУ, на Бугарија и други гости. Но, церемонијата беше пропратена со три протести.
На плоштадот кај споменикот на патријархот Јевтимиј протестираа околу илјада луѓе за „Спас на Пирин“, познат бугарски ски центар, на раскрсницата на улиците „Александар Батенберг“ и „Генерал Гурко“ протестираа десетина полицајци незадоволни од платата од 340 евра, а на булеварот „Васил Невски“ се собра поголема група граѓани кои носат маски со ликот на германската канцеларка Ангела Мерел и претседателот на Европска комисија Жан Клод Јункер.
Протестите се обезбедувани од голем број полицајци.
Во Софија пристигна и претседателот на ЕУ, Доналд Туск, како и сите еврокомесари, предводени од Јункер.