Број на текстови објавени денес: 0
image003
image003

ВО ОПШТИНА ОХРИД ЕДИНСТВЕНИ КОЈ РАБОТАТ СЕ ПРСКАЛКИТЕ, СЕ’ ДРУГО Е‘ НА ПАУЗА ОД 10-14 ЧАСОТ

прскалки општина

Родиме мајко и фрлиме во општина Охрид,таму е Рајот! Можеби сето ова звучи иронично , но за жал истото е вистинито.Единствено нешто што непрестано работи во Општина Охрид ,а за што може и сите да се уверат ,се прскалките за Трева , оние во вид на Сончоглед.Тие работат и ко ќе врне , нема кој да ги исклучи?Нели Охрид лежи на вода ,за некого истата е со пари , но за некој секако дека не?!

Подолг временски период ,поточно последниве 7 месеци , вработените државни и јавни службеници , но и оние кој се со договори преку агенција за времено вработување , имаат работно време како може секој еден да посака !Скоро секој оди кога сака на работа во Општина Охрид, но никој не ја заборава „Хит“ паузата за топол оброк.Кого и да запрашаш ,сите со иста анегдота: „ паузата трае од 10-14 часот“ или популарно наречена „Швалесрка пауза“, ниту се знае кај се вработените , ниту некој води евиденција ?! И онај електронски систем за отчукување на работното време , кога е во функција ,а кога не е‘,но досетливоста нема граница ,се делат картичките по колеги и колешки , по принципот ти мене денес,јас тебе утре?!И така до недоглед.

Доколку Ви закажат работен состанок , тогаш предност немаат странките , тие можат да чекаат колку што сакаат, предност имаат вработените,кој до сега се докажаа и ги решија сите проблеми во општината , на ред останаа да се решат проблемите на соседните општини, на угостителските објекти кој се омилени врталишта на новите „поглавици’. До тогаш 24/7  ќе работат само прскалките во паркот на општината , додека не му падне на памет на некој да оди да ги исклучи.

П.С: Телефоните и тие не работат од топлиот работен бран

Сашо Денесовски