Број на текстови објавени денес: 35
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Во државните резерви ќе завршат 12.000 тони пченица, наскоро тендер

pcenica

Агенцијата за стокови од следната недела да ја започне постапката за објавување на јавен оглас за откуп на домашна пченица за потребите на резервите, во количина од 12.000 тони домашна пченица, сугерираше Комитетот за земјоделство и безбедност на храна.

Според членовите на Комитетот, на овој начин ќе се мотивираат мелничарите да откупуваат домашна пченица која што потоа ќе ја продадат на Агенцијата за стокови резерви, а воедно ќе се влијае и да се постигне солидна откупна цена на домашното жито.

Годинава, според проценките на Комитетот, се очекува поголемо производство од лани или околу 300.000 тони пченица, со просечни приноси од 3.000 до 4.000 тони по хектар.

Комитетот , како што е соопштено,  дискутирал и за состојбите со производството на праски и преземени  активности и мерки за надминување на можни проблеми со пласман на праските како и за состојбата со житопроизводството.