Број на текстови објавени денес: 6
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Во Белград уапсена криминална група која продавала станови на починати лица

Полицијата во Белград уапсила осум лица осомничени дека со фалсификувани документи, продавале станови на починати, како и станови во соспственост на Градот, соопштило Министерството за внатрешни работи на Србија.

Тие се уапсени во соработка со Обвинителството за организиран криминал, а осомничени се дека како криминална група извршила кривични дела здружување поради врешење кривични дела и измама.

Тие се осомничени дека становите на починатите и на Градот Белград, со фалсификувани документи, ги внеле во земјишните книги на Републичкиот геодетски завод на некој од нив и пота ги продавале под пазарната цена.

На овој начин криминалната група стекнала противправна корист од 30 милиони динари или околу 253 илјади евра.

Полицијата пронашла подготвени фалсификувани договори за купопродажба на недвижности, договори за откуп на станови, потврди дека во целост се исплатени становите и повеќе десетици фалсификувани печати од државни институции.