Број на текстови објавени денес: 51
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

ВМРО ДПМНЕ – ОХРИД:СДСМ наместо доизградба на Пазарот носи скандалозни одлуки за поскапување на услугите за пазарџиите

VMRO-DPMNE-Ohrid

Локалната Власт предводена од СДСМ секој ден ги носи охриѓани с`е поблиску до бездна. Животот е со поскапување, реформите се со повисоки цени. Видливи се зголемените трошоци и нема никаво подобрување на животнииот стандард и услови за граѓаните.

 

Охриѓани плаќаат поскап дизел, зголемени се цените на производите и јавниот градски превоз, зголемена е цената на водата а поскапеа сметките за нискоградба.

 

Управниот Одбор на ЈП „Градски Пазар“ на седницата одржана на 23.2.2018 носи скандалозна одлука со која утврдува зголемување висината на услугите за тезги за продажба на земјоделски и занаетчиски производи.

 

Дали СДСМ свесно бара начини како повеќе да собира од граѓаните и сака да ги доведе пазарџиите до питачки стап, знаејќи дека и со новиот закон за зелени пазари имаат нови давачки за да набават лиценца, да платат паушален данок како и придонеси?

 

Се зголемува надоместокот за користење под закуп тезги, дневниот надоместок за користење на тезгата за еден ден, штандови, а најголемо зголемување има кај деловните простори за цели 71.8%. Повисоките цени на закуп на тезгите кои ќе ги плаќаат пазарџиите, за разлика од порано, автоматски ќе ги поскапат и цените на производите кои охриѓани треба да ги купат.
ВМРО-ДПМНЕ бара да се поништи одлуката за поскапување на услугите што ќе се наплаќаат на тезгаџиите под секакво достоинство и стандард и да се врати стариот ценовник во интерес на граѓаните на Охрид.

 

Се враќа ли времето кога општински претпријатија стануваат сопственост на мал број криминално–бизнис кланови блиски токму до СДСМ?

 

Охриѓани се излажани и изманипулирани. Од СДСМ ја очекуваат доизградбата на затворениот зелен пазар а СДСМ донесе стагнација и беда. Загрижува фактот што трошоците за живот се зголемуваат од месец во месец. Со раст на трошоците за живот сериозно се загрозува животниот стандард на охриѓани.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид