Број на текстови објавени денес: 105
image003
image003

ВМРО ДПМНЕ ОХРИД:Повик за членови на партиски комисии на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

VMRO-DPMNE-Ohrid

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, водејќи се од демократските начела, како и од заложбите за транспарентно, чесно и јавно работење, донесе одлука за објавување Повик за кандидирање за членови на Комисии на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Целта на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид е да ги искористи сите можни потенцијали за креирање на политики со кои ќе се подобри животот на граѓаните. Цениме дека со овој Повик ќе создадеме уште подобра база за квалитетен напредок и ќе бидеме уште поотворени за граѓаните. Со тоа ќе се изврши кадровско доекипирање на ОК, негово зацврстување и отворање на вратата на партијата за способните, мотивираните и луѓето со висок капацитет кои ќе придонесат за нашата заедничка цел, за подобар Охрид.

 

Согласно одлуката на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, а во врска со член 5, став 1, алинеа 14 од Деловникот за работа општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ се објавува Повик за кандидирање за членови на Општински Комисии на ВМРО-ДПМНЕ Охрид и тоа за:

  1. КОМИСИЈА ЗА ЕКОНОМИЈА И ИНВЕСТИЦИИ;
  2. КОМИСИЈА ЗА ПРАВНИ РАБОТИ;
  3. КОМИСИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ;
  4. КОМИСИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА;
  5. КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО;
  6. КОМИСИЈА ЗАУРБАНИЗАМ;
  7. КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО;
  8. КОМИСИЈА ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО, ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ И АУДИОВИЗУЕЛНИ УСЛУГИ;
  9. КОМИСИЈА ЗА ОДНОСИ СО ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ;
  10. КОМИСИЈА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ;
  11. КОМИСИЈА ЗА КУЛТУРА;
  12. КОМИСИЈА ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА;
  13. КОМИСИЈА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА;
  14. КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА;
  15. КОМИСИЈА ЗА ОДНОСИ СО НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ;
  16. КОМИСИЈА ЗА ТУРИЗАМ;
  17. КОМИСИЈА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ;
  18. КОМИСИЈА ЗА СПОРТ.

 

Кандидатите за Членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите за Членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават биографија (CV).

Почнувајќи  од денот на објавување на овој Повик, кандидатите треба пополнетите материјали да ги достават најдоцна до 28.05.2018 година во Седиштето на О.К на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид или преку електронска пошта на: ok-ohrid@vmro-dpmne.org.mk.

По доставувањето на кандидатурата секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од Седиштето на О.К ВМРО-ДПМНЕ Охрид и со него ќе биде извршен разговор од страна на комисија.

Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се поттикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на градот Охрид и Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на градот и државата.

ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците кои се доставени.

По завршувањето на процедурата на избор, секој кандидат има право да ја подигне неговата документација, по негово сопствено барање.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид