Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Вкусен домашен џем од кајсии

recept-dzem-kajsije1-696x464

Состојки за една тегла:
550 г зрели кајсии
½ шолја вода
3 лажици мед
кора од ½ лимон
4 лажици бели чија семки

Подготовка:
Измијте ги кајсиите, исчистете ги и исечете ги на парчиња, па со водата, медот и кората од лимонот префрлете ги во длабока тава. Варете ја смесата додека не зоврие, а потоа намалете го оганот и оставете да крчка уште 10-тина минути.

Откако кајсиите ќе омекнат, потребно е да ги изгмечите со вилушка, да ги тргнете до ринглата, да ги додадете чиа семките и сè заедно добро да измешате. Смесата ставете ја во чиста тегла и оставете ја да се излади. Вака приготвениот џем можно е да го чувате во фрижидер до три недели.