Број на текстови објавени денес: 104
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

ВИСТИНАТА ЗА ОХРИДСКИОТ „БАРОН МИНХАУЗЕН“-МАТНИТЕ ИГРИ СО АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР И “ОХРИДТУРИСТ“ОХРИД ,ДЕЛ-2-ри

Која е вистината за охридскиот „Барон Минхаузен“, ветив дека ќе го разобличам, не заради друго, туку од едноставна причина некои луѓе да осознаат дека не можат да бидат недопирливи, служејќи се со нивните перманентни изнесени лајна.

По објавувањето вчера на првиот дел за охридскиот „Барон Минхаузен“, денес онака, инсајдерски до мене допреа одредени пораки од типот: „Немој, ќе ти прати луѓе да те претепаат, ќе плати пари да те ликвидираат и останати глупости“!

Но, најнапред искрено преку Тасета ми е од такви глупави закани нека праќа кого сака, но да дојде да си ги земе после во вреќа. Крајно ако е толку голем маж нека повели сам кога сака и каде сака, или ако му е страв нека земе неколку лица со него, нека каже кај сака, ќе им одам сам, но тоа што има да каже нека повели. Кој и да тропне да се обиде да посегне по мене или по мои блиски, искрено знам дека ќе биде негова нарачка, но ниту тие што ќе дојдат, а ниту него истиот му кажувам и во гроб да се сокријат ќе ги откопам. Еднаш посегна по моите деца главата му е уште на рамена, вториот пат не знам каде ќе му биде.

Но, да продолжиме онаму каде што застанаме во разобличување на криминалот и лагите на Лазе Танески – попознат како Десарет некогаш, а денес како Лаки. Но, Лаки е малку нервозен што би рекол Зоран Радмиловиќ во култниот филм „Маратонците го трчаат почесниот круг“.

Би било интересно Општина Охрид и градоначалникот Јован Стојаноски да ни дадат одговор на барањето за информации од јавен карактер кое го испративме вчера (10.07.2018 година), а за кое замоливме одговорите да ги добиеме итно. За жал, Општина Охрид ќе чека 30 дена, а можеби и малку повеќе од законскиот рок да одговори на незгодните прашања кои тие упорно ги сокриваат од јавноста! Знаеме дека сакаат да го сочуваат кредибилитетот и чесноста на Лазе Танески, туку пустинскиот Лазе им е претседател на нивната партија СДСМ во Охрид и сакаат да ја заштитат партијата. Барањето за информации од јавен карактер е испратено до Општина Охрид интегрално ќе може да го прочитате на крајот од текстот.

МАТНИТЕ ИГРИ СО ОХРИДСКИОТ КАТАСТАР

Доколку отворите на официјалниот сајт на Агенцијата за катастар на недвижности на РМ, Имотен лист бр. 1690 за К.О Коњско, во имотниот лист стои ТДПТУ „Теди Комерц увоз – извоз ДООЕЛ Охрид“ ул.„Егејска“ бр.5 ќе добиеме две парцели 2848/1 зпа Земјиште под зграда метри квадратни 422 и повторно 2848/1 гиз Градежно изградено земјиште 1779.

Но, доколку се оди понатака на сајтот на Агенцијата за катастар на недвижности ќе видиме дека постојат над 140 имотни листови, или објектот во Агенцијата за катастар е заведуван со површини од 4 квадрати па се до 296 метри квадратни – Прилог ПринтСкрин (Кликнете за зголемување)

laki 1 laki2

Доколку се земе ова во предвид крајно нејасно претставува ваквиот упис во Агнецијата за катастар на недвижности и ваквата поделба досега е прва и единствена од ваков вид во Агенцијата за катастар. Според познавачите на критиките најверојатно поделбата на вакви парцели можеби била за сомнителни потреби, за потреби од хипотекарни кредити. Агенцијата за катастар на недвижности ќе мора да објасни на што се должи ваквиот упис, но и да објасни како во сопственост ги има впишано над 2000 метри квадратни диво изградени објекти за кои сопственикот на земјиштето нема уредна градежна дозвола или поточно Агенцијата за катастар немала право да дава имотен лист на диво изграден објект.

Надлежниот обвинител и МВР се должни да отворат истрага и да испитаат како Агенцијата за катастар на недвижности пишувала во евиденцијата на Катастарот и издавала имотни листови на диво изградени објекти, притоа правејќи го тоа на делови – парцели, иако се знае дека објектот претставува една градежна целина.

Доколку утре се случи банките да ја активираат хипотеката никој нема да може да го оствари своето хипотекарно право со оглед на фактот што диво изграден објект не може да биде предмет на хипотека и истиот да биде извршен.

ОХРИДСКИОТ МИНХАУЗЕН МАКА МАЧИ И СО АД ОХРИД ТУРИСТ ОХРИД

Танески долги години беше закупец на имот сопственост на АД Охрид Турист Охрид и тоа под наем ги имаше земено објектите: „Автокамп Љубаништа“ во село Љубаништа и хотел „Десарет“ во село Пештани. На крајот на фискалната 2017 година, Танески поточно неговата фирма „Теди Комерц“ имале неподмирени обврски спрема Охрид Турист од над 20 милиони денари на име на закупнина и од таа причина Управниот одбор на АД Охрид Турист Охрид одлучил да го одбие барањето на фирмата „Теди Комерц“ од Охрид за повторно издавање под закуп на хотелот „Десарет“ во село Пештани. Она што го знам е фактот дека Танески секоја година доцнел со подмирување на своите обврски спрема доверителот АД Охрид Турист Охрид, но не ги исполнувал ни другите клаузули на договорот, како на пример неговата обврска за реновирање на собите во хотелот. Од тие причини АД Охрид Турист Охрид го раскинува договорот  со „Теди Комерц“ ДООЕЛ Охрид и бара веднаш да го предаде хотелот во владение на АД Охрид Турист согласно нотараскиот акт кој бил потпишан од двете страни.

Танески како гаранција од почетокот на 2018 година како гаранција дека ќе го исплати долгот према АД Охрид Турист го вложил и станот на својот татко, но и побарал на писмено да му биде овозможен грејс период од 3 месеци. Но, и од тој договор Танески не го испочитувал, па така откако се соочил со извршување на хипотекарниот стан на преостанатиот долг од 12 милиони и 500 илјади денари, Танески го исплатува само делот за кој бил оставен станот како гаранција во висина 6 милиони денари, додека останатите 6 милиони и 500 денари и понатаму се предмет на негова обврска, но како што дознаваме АД Охрид Турист веќе поднеле налог за извршување на истите, вклучувајќи во налогот камати за закаснети плаќања, надокнада за изгубени добивки, судски и адвокатски трошоци.

ПродолжуваУтре ќе читате како се злоупотребуваше името на  министерот за  Внатрешни работи на МВР, министерот на полиција за Република Србија, матните игри со  Екстра Скопско Охрид и Жито Леб Охрид.

Сашо Денесовски – Лично

Напомена: (Изнесените ставови во написот се личен став на авторот на текстот Сашо Денесовски. Редакцијата на ОхридСкај и издавачот се оградуваат од изнесените ставови и не сносат било каква правна одговорност за изнесените наводи и ставови на авторот).

Прилог : Интегрално поднесеното барање за информации од јавен карактер до Општина Охрид

До ИТНО
ОПШТИНА ОХРИД
ГРАДОНАЧАЛНИК Д-р ЈОВАН СТОЈАНОВСКИ

Врз осонова на Закон за пристао до информации од Јавен карактер , а за потребите на новинската агенција ОхридСкај, Ве замолуваме за ИТЕН одговор на следните прашања:

1.Дали комуналниот испекторат на Општина Охрид ,при извршен увид на градежни активности на Хотелскиот комплекс „Лаки Спа“.во месноста викана „Гранит-Коњско“,постапувајќи по пријава ,установил протиправна изградба на делови од изградениот Хотел и, донел решеније за рушење на дивоизградените објекти?
2.Зошто Општина Охрид не го спровеча донесеното решениеи?
3.Дали до Вас-Општина Охрид е пристигнато барање од страна на инвеститорот „Теди Комерц“ ДООЕЛ Охрид ,за издавање на Одобрение за промена на градба во тек на градба ,на веќе изграден објект?
4.Дали до Вас е пристиганто ново барање од истиот субјект , со кое барање иситите бараат Одобрение за изградба , а кое барање сооејствува врз претходното нивно барање ,за кое Општина Охрид веќе донела Решение за рушење на бесправно изградена градба?
5.Зошто согласно Закон за Кривична Постапка ,Општина Охрид до ОЈО Охрид не поднела соодветна Кривична Пријава ,нешто што сте обврзани согласно Закон и е дел од вашата обврска како раководно лице на Општина Охрид?

Почитувани.Ве замолуваме за итност на вашите одговори ,како би можеле граѓаните на Охрид и Р.Македонија ,релано да осознаат како се трошат нивните пари.
Одговорите Ве молиме да ги доставите по електронска пошта :kotvaoh@yahoo.com.
Охрид 10-07-2018 г.
Денесовски Сашо “