Број на текстови објавени денес: 105
image003
image003

ВИДЕО: Проектил погодил автобус со деца во Јемен

maxresdefault-12-696x392

Најмалку 29 деца загинале од вкупно 50 лица кои го загубија животот во воздушниот напад врз Јемен. Околу 77 лица се повредени.

Помеѓу загинатите деца има и помали од 10 години. Јеменските бунтовници за нападот ја обвинуваат Саудиска Арабија.

Проиранските бунтовници Хути велат дека најмалку 39 луѓе се убиени, а 43 ранети кога авион на саудиската коалиција со проектил погодил автобус со деца на училишна возраст.