Број на текстови објавени денес: 3
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

(ВИДЕО) ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА СО ОХРИДСКАТА ПЛАШИЦА ВО КАНАЛОТ СУДЕНЧИШТА ВО ОХРИД!

Повеќе  десетици тони плашица заробена изумира  во каналот Студенчишта во Охрид , каде оваа риба влегува да презими и да се размножи, им се заканува изумирање поради недостаток на воздух во водата. Рибата е збиена од половина канал кон Билјанини извори кои во моментов немаат издашност на вода, а поради недостиг на кислород во водата рибата плута на површината од водата каде умира или е нападната од птици.

Ова преставува тешка Еколошка катастрофа поради човекова глупост врз рибниот фонд на Охридското Езеро.

Плашица (научно  Alburnus alburnus) е  вид на речна риба од семејството на краповите (Cyprinidae).

Таа има странично сплескано тело покриено со ситни крлушки. Крлушките се ситни и лесно отпаѓаат. Устата е горна и е завртена нагоре. Долната усна е малку подадена напред пред горната усна. Грбната перка започнува зад крајот на градната перка, а завршува пред почетокот на аналната перка. Опашната перка е длабоко засечена. Градните перки се долги и речиси достигнуваат до стомачните. Телото на плашицата од горната страна е сивозелено, додека странично е сребренесто. Бојата на стомачната страна е млечнобела. По страните се протега темносива тенка линија.Спаѓа во таканаречените Бели Риби и од Охридската Плашица која живее само во Охридското и Бајкалското Езеро се прави надалеко прочуениот Охридски Бисер.

Единствен спас да се реши Еколошката катастрофа во каналот Студенчишта , наитно е потребно во каналот да се врши дотур на вода од Охридското Езеро ,кое ќе предизвика Аерација на водата во каналот Студенчишта.Воедно од страна на Водовод Охрид да се запрат пумпите кој испумпуваат вода од Билјанините Извори .