Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Вардар повторно шампион

Vardar-Seha-liga-640x426

Ракометарите на Вардар се запишаа во историјата на СЕХА натпреварувањето како единствен тим кој успеал да ја освои титулата четири пати.

Момците на Раул Гонзалез го совладаа ППД Загреб со 26-24 со што повторно ја донесоа титулата на регионалната лига во Скопје.

Фајнл форот се играше во спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром и Вардар со помош на 5 илјади публика на трибините го повтори успехот од минатата сезона.