Број на текстови објавени денес: 104
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Британската полиција нашла шишенце со нервен отров во домот на затруениот граѓанин

Британската полиција денеска соопшти дека го открила изворот на нервниот гас „Новичок“, од кој беа затруени двајца жители на градот Солсбери, од кои еден почина.
Полицијата разговарала со 45-годишниот Чарлс Роули, кој го преживеа труењето со отровот, и утврдила дека во неговиот дом има мало шишенце во кое се содржани траги од „Новичок“. Неговата партнерка, Дон Стурџис (44) почина од труењето.

Шишенцето од завчера се испитува во лабораторијата Портон Даун, со цел да се утврди дали е тоа истиот отров со кој во март беа нападнати пребеганиот руски таен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.