Број на текстови објавени денес: 105
image003
image003

Бразилски пар резервирал хотел во Задар, го одбиле бидејќи „не примаат гејови“ ФОТО

zadar-homoseksualci1

Бразилскиот радиолог Фабиано Валим резервирал сместување во апартманите „Identity“ во Задар, Хрватска, преку меѓународниот сервис Booking.com. Сопственикот на апартманот во Задар го одбил бидејќи е хомосексуалец, пишуваат хрватските медиуми.

На Фабиaно му пристигнало писмото со следната содржина: „Одбиени сте. Не примаме гејови. Откажете ја својата резервација.“ Во потписот стоело името на претпоставениот сопственик на задарскиот хотел со четири ѕвезди.

Фабиано, кој на одморот планирал да оди со својот сопруг,на пораката му одговорил дека е изненаден од неговото хомофобно однесување и дека се надева дека сервисот Booking.com некако ќе го казни. Во текот на вчерашниот ден исчезнале апартманите од понудата на Booking.com.

Од редакцијата на „Задарски. хр“ се јавиле на бројот на спорното хотелско сместување, го добиле синот на сопственикот, кој откако му објасниле за што се работи, искоментирал дека „имале негативни искуства со хомосексуалци од Словенија, кои во хотелот оргијале и оставиле голем неред, поради што одлучиле повеќе да не примаат хомосексуалци“.

Се чека реакцијата на државата, бидејќи казната според Законот за сузбивање на дескриминацијата во ваквите случаи изнесува од 5.000 до 30.000 куни.
Во екот на туристичката сезона инцидентот во Задар предизвикал скандал во домашната, но и во светската јавност.

Фото: Screenshot:Booking.com/Fabiano Vallim