Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Борисов до Заев: Два пати мисли, па потоа кажи!

zaev-borisov-ilinden

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, по јавните реакции во Бугарија за изјавата на премеирот Зоран Заев дадена на 4-ти месецов дека Илинденското востание е македонско, му порача на својот македонски колега дека треба два пати да мисли пред да каже нешто.

Според Борисов, тоа е важно зашто доаѓа време кога земјите членки на ЕУ ќе одлучуваат за судбината на Македонија.

-Ги оставам сите да ги премеруваат своите приказни, тоа е на негова сметка. Без разлика дали го кажал тоа намерно или ненамерно, се оди на негова сметка, бидејќи кога станува збор за ЕУ и ние мораме исто така да дадеме согласност, а ние во тие моменти ќе се сетиме на тие работи. Мој совет е да се биде повнимателен – рече Борисов.

Претходно лидерот на социјалистите во Бугарија, Корнелија Нинова, го критикуваше Заев и го повикуваше Борисов да реагира за изјавата.