Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Богоев: Ќе се чистат уште две депонии и најстрого ќе се казнуваат загадувачите

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев денеска информира дека ја расчистуваат дивата депонија долж реката Вардар, кај мостот „Газела“.

– Ова е еден од деловите каде во изминатиот период, најчесто несовесни граѓани, палеа огнови и со тоа го загадуваа воздухот, а се создаваше и дива депонија. Во претстојниот период планираме кај хотелот „Александар Палас“ и кај Спортскиот центар „Борис Трајковски”, исто така да ги расчистиме депониите, и тоа, не само за да имаме чиста околина и земјена и тревна површина, туку со тоа да превенираме палења на овие критични места каде во минатото интензивно се палеше – рече Богоев.

Тој додаде дека крајната цел е онаму каде имало депонии да се исчисти, просторот да се оплемени со ново зеленило, да се постави нова урбана опрема за да можат на пролет граѓаните да ги користат.

Богоев потенцира дека најстрого ќе бидат казнети сите несовесни граѓани кои ќе се обидат да фрлаат шут, градежни материјали, ѓубре од домаќинство или да палат отпад на отворено. За ова, како што рече, ние, заедно со Град Скопје и со Државниот инспекторат за животна средина и сите надлежни институции ќе бидеме без никаква толеранција за нарушувањето на законот и со тоа загадувањето на воздухот и на околината.