Број на текстови објавени денес: 29
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Бизнисот и институциите во заеднчка битка против сивата економија

SSK_UJP

Секоја година фирмите во земјава губат до 15 отсто од профитот поради сивата економија во сите сектори. Проценки се дека сивата економија учествува меѓу 25 и 40 отсто во вкупната економија.

Сивата економија зема замав и е огромна нелојална конкуренција на регистрираните бизниси, покажа и неодамнешната анализа на Сојузот на стопански комори која бара поголем агнажман на институциите за намалување на оваа појава.

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Управата за јавни приходи (УЈП) денеска се договорија заеднички ќе се борат против сивата економија.

Претседателката на Сојузот Данела Арсовска и директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска потпишаа меморандум за соработка на ова поле.

– Неформалната т.е сивата економија е еден од најголемите проблеми бидејќи оние кои учествуваат во неа неправично и незаконски ги става во повластена положба во однос на оние што си имаат регистрирано фирми и ги исполнуваат законските обврски. Според последните податоци на меѓународните организации, во земјава секоја година фирмите губат до 15 отсто од профитот поради сивата економија во сите сектори. Инспекциските служби треба да практикуваат тие што ќе ги затекнат на терен по службена должност да ги регистрираат за да се воведат во системот, да плаќаат даноци и бидат лојална конкуренција – изјави претседателката на ССК, Данела Арсовска по потпишувањето на меморандумот за соработка меќу ССК и УЈП.

Таа појасни дека тие субјекти никаде не фигурираат, прават милионски профити на црно, а не се регистрирани и работат со готовина.

Неодмнешните анализи објавени на Сојузот покажаа дека сивата економија зема замав и е огромна нелојална конкуренција на регистрираните бизниси.

Според анализите, оние кои работат без фирма во старт се повеќе од 50 проценти поконкурентни од регистрираните фирми, поради тоа што не плаќаат ДДВ, не плаќаат продонеси по основ на социјално и пензиско осигурување, тековните трошоци ги плаќаат како лица наместо да плаќаат индустриска струја и вода како регистрираните фирми, со што не само што го оштетуваат буџетот туку и нудат цени пониски и до 50 проценти кои регистриран бизнис што ги плаќа сите давачки не може да ги постигне.

Според извештајот на ОЕЦД во земјава сивата економија учествува со 25 отсто во вкупната економија, а што се потврди и во извештајот на ЕУ во кој се вели дека сивата економија останува главна пречка за бизнисот и влијае на конкурентноста на формалниот приватен сектор.

Проценките за големината на сивата економија со извештајот на ЕУ се движат од 20 отсто од вкупното производство до 40 отсто во зависност од применетиот метод, што создава пречка за инвестиции и прави сериозни проблеми и нелојална конкуренција на регистираните компании. Просечното ниво во европските земји се движи од 12 до 15 проценти.