Број на текстови објавени денес: 105
image003
image003

Бејли: Очекуваме напредок на Македонија кон НАТО

bejli2-696x365

Американскиот амбасадор Џес Бејли ја реафирмираше поддршката на САД за интеграцијата на Република Македонија во НАТО.

– Ние ги поддржуваме македонските аспирации за приклучување во НАТО веќе 25 години, секако очекуваме и сакаме да напредувате, одговори денеска Бејли на новинарско прашање дали на Самитот на ЕУ во Софија ќе се отвори патот на Македонија за Алијансата.

Американскиот амбасадор денеска присуствуваше на инфо сесијата за проектот на УСАИД со читање до лидерство, што се одржа во Градскиот парк во Скопје.