Број на текстови објавени денес: 104
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Бејли: Македонските граѓани сега имаат можност да ја видат својата иднина

САД се уверени дека Договорот со Грција ќе продолжи да се исполнува и очекува Македонија како Северна Македонија да стане членка на НАТО. Ова го изјави американскиот амбасадор Џес Бејли, кој вечерва гостуваше на вестите на Канал 5 телевизија.

Тој истакна дека треба да се формира Државната изборна комисија за да може таа да ги реализира подготовките за претстојниот референдум на кој граѓаните ќе го изразат своето мислење.

Прашан за исходот од референдумот, Бејли рече ова е моментот кога граѓаните на Македонија ќе треба да одлучат дали сакаат иднина во НАТО и ЕУ.

– Мислам дека ќе гласаат за ова бидејќи поддршката за НАТО постои во земјата уште од 90-тите, од независноста. Мислам дека уште од Самитот во Букурешт очигледно е дека требаше да дојде до договор со Грција за прашањето за името за да се оди напред. Тоа е тежок компромис, но мислам дека сега граѓаните на земјата имаат можност да ја видат својата иднина – рече Бејли.

Американскиот амбасадот посочи дека многу пати разговарал со претседателот Ѓорге Иванов за македонската иднина во ЕУ и НАТО и тој, како што рече, долги години бил силен поддржувач на тоа.