Број на текстови објавени денес: 2
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Анѓушев: ВМРО-ДПМНЕ ја имаат изгубено ориентацијата

Вицепремиерот Кочо Анѓушев вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 изјави дека со прогресивниот данок ќе имаме праведно општество. Тој вели дека 25 милиони евра се помалку од 1 отсто од буџетот на Македонија.

Реформата е да се каже дека треба да има една малку поголема одговорност во општеството. Со 25 милиони не можете да направите чуда во Македонија – вели тој.

Анѓушев рече дека преку ноќ големи промени нема да има, но вакви потези рече дека треба да се прават.

Анѓушев признава дека има нерегуларно работење во земјава, но вели тоа е борба која нема да биде лесна, но Владата нема алтернатива освен да се фати во костец со оваа појава и да ја санира ситуацијата.

Вицепремиерот се надева дека ќе се обезбеди поголемо мнозинство кога ќе дојде до третото гласање и смета дека ВМРО-ДПМНЕ ја имаат изгубено ориентацијата.

Еднаш се залагаат за едно, друг пат за друго, вели тој.

Анѓушев демантира дека меѓу него и министерот за финансии, Драган Тевдовски имало кавга.