Број на текстови објавени денес: 71
image003
image003

Англиските фудбалери одбиле да ја пробаат храната на домаќините за добредојде на СП

sp-rusija

Фудбалската репрезентација на Англија одбила да ја проба храната која во знак на добредојде на Светското првенство во Русија им ја понуди домаќинот, најверојатно од страв од можно труење, пренесуваат агенциите.

Англискиот национален тим со себе носи готвачи, а понеле и некои производи како чоколади, мафини, сос од домати, чај…, се наведува во британските медиуми.

Претходно, на 9 јуни, португалскиот тим е на сличен начин пречекан, што тие со задоволство го прифатиле.

Англичаните во Санкт Петербург допатуваа на 12 јуни, и ќе престојуваат во тренинг кампот.

Првиот натпревар ќе го играат во понеделник притив Тунис, во Волгоград..