Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Алегри: Интер и Наполи ни се главните конкуренти

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, рече дека главните ривали на неговиот тим во борбата за шампионскиот трофеј се Интер и Наполи.

– Јувентус не ја убил интригата на италијанскиот шампионат. Сè уште не победивме многу натпревари и не чека долг пат. Интер и Наполи се наши главни конкуренти во борбата за првенството. Но, ние мирно ќе го продолжиме нашето патување понатаму – вели Алегри.

„Старата дама“ се наоѓа на првото место на табелата со 40 бода по 14 круга. Наполи со 32 се наоѓа на втората позиција, додека Интер е трет со 29 бодови. 

ФОТО: Твитер