Број на текстови објавени денес: 90
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Албум на Битлси е најпопуларен британски албум во историјата

Beatles-Bitlsi-696x366

Албумот на Битлси „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“ е прогласен за најпопуларен британски албум во историјата, соопшти британската компанија Ofissl ccarts kompani.

На овој албум, познатата четворка од Ливерпул ги објави своите големи хитови како „Со мала помош од пријателите” и многу други.

По објавувањето на тој албум бендот престана да оди на турнеи и се фокусираше на студиска работа под водство на продуцентот Џорџ Мартин.

На топ листата на најпопуларни албуми зад Битлси се најде Адел со албумот „21“ и групата Оејзис со албумот „(What’s the Story) Morning Glory?“.