Број на текстови објавени денес: 0
image003
image003

Албански бизнисмен Самир Мане (другарот на Мијалков)најавува дека ќе гради мини-град во Скопје

grad-vo-sk

Најбогатиот Албанец на Балканот, бизнисменот Самир Мане, најавува дека ќе гради мини-град во Скопје. Неговиот план е градот да се наоѓа на местото на Скопски саем.

Доколку го добие тендерот, тој најавува рушење на сегашните објекти, а во проектот се вклучени хотели, станбени згради и трговски центар.

– Ќе почнеме да градиме град, но не во Албанија. Тоа е еден мини-град во Скопје, инвестиција од околу 300 милиони евра. Градот содржи 1.400 стана, голем трговски центар и четири кули со канцеларии. Овој проект ќе го почнеме во мај. Се вика „Смарт сити“ и многу брзо ќе биде присутен во Македонија – изјави Мане на гостувањето во емисија емитувана на албанската телевизија „Клан“.

Мане нагласува дека доколку го добие тендерот, изградбата ќе започне до крајот на мај.