Број на текстови објавени денес: 127
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Актерката откри: Мајкл Даглас и Џек Николсон се обложуваа кој ќе ме однесе во кревет

Во интервју за магазинот „Vulture” актерката Кетлин Тарнер зборувала за доминацијата на мажите во Холивуд и нивното присвојување на актерките како свои објекти. Тарнер „фрлила сенка“ и на екипата од серијата „Пријатели“, ја критикувала глумата на починатата Елизабет Тејлор и ракувањето со Доналд Трамп.

Тарнер (64) се вратила на почетокот на кариерата коментирајќи го однесувањето на мажите кон актерките во Холивуд. Таа истакнала дека нејзината прва голема улога била во филмот „Body heat”, за потоа да стане „секс мета“, пренесува „Сан“.

Актерката изјавила дека Мајкл Даглас подоцна и открил дека Џек Николсон, Ворен Бити и тој се обложувале кој прв ќе ја одведе во кревет.

– Никој од нив не успеа – додала актерката, осврнувајќи се на проблемот кој отсекогаш постои во Холивуд, односно жените да се сметаат за сопственост.

Како што раскажала, еднаш била на забава со Џек Николсон. Таму имало празен стол и таа седнала покрај него. Како што изјавила, зборувале извесно време пред да се врати во својата хотелска соба. Кога пристигнала во собата, Николсон и се јавил и ја прашал зошто си заминала кога била негова придружба.

Тарнер додала дека никогаш не сакала да живее во Лос Анџелес токму поради тоа што во тој град се чувствувала несигурно. Актерката исто така „фрлила сенка“ и на поедини колеги.

За Николас Кејџ изјави дека е многу тежок за работа, а дека Берт Рејнолдс во 1988 година ја расплакал на снимање.

– Неговото однесување беше шокантно. Никогаш дотогаш не ми паднало напамет дека не сум еднаква со некој. Ја напуштив просторијата плачејќи – се присетува Тарнер.

Таа открила дека слични ситуации се повторувале во текот на нејзината актерска кариера. Имено, еднаш дури и му удрила шлаканица на еден свој колега, кој ја гризнал во театар, но таа не сакала да го открие неговото име. Покрај машките колеги, актерката ги коментирала и останатите светски ѕвезди.

Ја критикувала актерската умешност на Елизабет Тејлор, која почина во 2011 година на 79 години, изјавувајќи дека нејзиниот глас во улогата на Клеопатра бил ужасен и лошо искористен.

– Мислам дека таа не беше многу талентирана – додала Тарнер.

Бидејќи Кетлин Тарнер се појавила и во серијата „Пријатели“ во улога на геј татко на Чендлер, зборувала и за екипата на популарната серија. Изјавила дека не се чувствувала пријатно на снимањето со нив и дела не ја дочекале баш најдобро.

Кетлин Тарнер во интервјуто зборувала и за американскиот претседател Доналд Трамп, кого го запознала во 1980 година.

Според нејзината оценка, Трамп е човек кој има многу груб стисок.

– Се ракува со вас и со својот показалец ја трие внатрешноста на вашата дланка. Се обидува да направи некој вид интимно движење. Само ја извлекувате раката и бегате – раскажалае актерката.

Фото: Профимедиа