Број на текстови објавени денес: 32
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Адвокатот на Груевски: Немаме право на жалба до Врховен суд

На одлуката на Кривичен совет немаме право на жалба до Врховен суд. Имаме можност да поднесеме иницијатива до Јавниот обвинител на РМ, вели адвокатот на Никола Груевски Димитар Дангов за ТВ21.

-Тој како надлежен може да поднесе барање за заштита на законитоста. Поради овој рок, нашата иницијатива ќе ја поднесеме најбрзо што можеме, веднаш по приемот на решението. Иницијативите не се сметаат за ефикасно право средство бидејќи многу ретко ги прифаќа Јавното Обвинителство. Имаме мислење и од Комисијата за дискриминација во кое се советува Суд 1 – Кацарска да ги отстрани недостатоците од мислењето и да извести што има преземено во рок од 30 дена.Истото се доставува и до Републичкиот судски совет. Кацарска има овластување и таа самата да го одложи почетокот на казната затвор од причините во мислењето. Поднесеното барање до Врховен суд поднесено на ден 24.10.2018 година во моментов се наоѓа кај Кацарска иако таа требаше веднаш да го прати – изјави Дангов.