Број на текстови објавени денес: 0

Aхмети: Можни се и нови избори (ВИДЕО)

ahmeti

Лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа беше гостин во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 во која изјави дека е логично да преговара со Никола Груевски за создавање нова Влада, со оглед дека тој го доби мандатот по изборите. Тој додаде дека основа за преговорите ќе биде неодамнешната платформа што ја презентираа албанските партии, како и дека сите опции се отворени.

Тој во иинтервјуто нагласи и дека сите опции се отворени, па дури и одење во опозиција или нови избори, но одлуката за тоа мора да се разгледа, па дури потоа да се одлучи. Ахмети нагласи дека без прифаќање на платформата на трите партии на Албанците во Македонија, подобро е да има нови избори оти инаку тешко дека е можно да се формира влада.