Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Златото како лек против рак

gold-dust-832199

Ситни честички од злато имплементирани во лекови би можеле да бидат од помош за лекување на рак, се наведува во ново истражување.

Научниците од Универзитетот во Единбург откриле дека скапоцениот метал ја зголемува ефикансоста на лековите што се користат во борбата против клетките на рак во белите дробови, објави БиБиСи.
Златни честички измешани со хемиски супстанци на лекот имаат способност да ги намалат несаканите ефекти на хемотерапијата така што прецизно делуваат на клетките на ракот, без штета по здравото ткиво.
– Откривме нови особини на златото, односно дека металот може да се имплементира во лекови и да помогне при лекувањето на туморите. Има многу работа пред ова да почне да се применува на пациенти, но оваа студија е чекор напред – изјавил д-р Асиер Унцити-Брочета, додавајќи дека ваква техника може да помогне за лекување не само на рак на бели дробови, туку и на останати тешко излечиви тумори.