Број на текстови објавени денес: 15
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Ѓоковиќ прв финалист во Доха, втор Мареј

%d0%b3%d0%be%d0%ba

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прв финалист на турнирот во Доха откако го совлада Шпанецот Фернандо Вердаско со 2:1 во сетови (4:6, 7:6, 6:3).

Во вториот сет во тајбрејкот Србинот спаси 5 меч топки од кои 4 беа врзани една по друга за Шпанецот.

Во финалето на турнирот Новак Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од втората полуфинална средба меѓу Енди Мареј и Томаш Бердих.

Британецот Енди Мареј во два сета беше подобар од Чехот Томаш Бердих (6:3 и 6:4) и се избори за ново финале против големиот ривал Новак Ѓоковиќ.

Бердих имаше и проблеми со повреда поради која побара лекарска интервенција, а тоа дополнително му ја отежна работата со расположениот Мареј кој во Доха веќе има триумфирано два пати во 2008 и 2009 година.