Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Штрајкуваат словенечките разузнавачи

download(1850)

Службениците на словенечката разузнавачка агенција (СОВА) од крајот на минатата недела се во штрајк, незадоволни од платите и условите за работа. Таа информација денеска ја потврди Синдикатот на вработените во државната администрација и владата на Словенија.

„Раководството на СОВА и синдикатот на вработените се обидуваат во конструктивен дијалог да постигнат соодветно решение. Нагласуваме дека нејзините задачи во областа на националната безбедност и заштитата на интересите на државата се спроведуваат нeпречено во согласност со законот кој го регулира нејзиното дејствување“, се вели во соопштението од владината информативна канцеларија.

Оттаму предупредуваат дека постојат законските ограничувања во остварувањето на уставното право на штрајк за вработените во службите за безбедност.

Адвокатот на одбраната и експерт во областа на парламентарниот надзор над безбедносниот сектор, Клемен Грошељ напиша на Твитер: „Ако СОВА штрајкува, тогаш нашиот национален систем за безбедност е во целосен неред”.

Тој додаде дека ова е нешто „што не може или не треба да се случи во нормална земја, но ако тоа се прави, тоа многу говори за оваа земја“.