Број на текстови објавени денес: 72
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Што се лекува смоквата!

smokva-640x423

Библиското овошје смоквата, освен што е вкусна и хранлива, поседува и различни лековити својства.

Содржи вистинска ризница на корисни состојки, кои целно се активираат зависно од видот на здравствените проблеми. Ако ве мачи опстипација, односно запек, смелете 500 грама смокви и замесете ги со 5 грама брашно.

Од тестото потоа правете штангли, чувајте ги во фрижидер свиткани во фолија и секое утро на празен желудник изедете парче со големина на лешник.

За лекување на курје око и други несакани кожни израстоци користете свеж сок од смоква.

Смоквата прво отворете ја и од внатрешната страна навечер ставете ја на критичното место, обвиткајте ја со завој и оставете да преноќи. Наутро смоквата фрлете ја, а нозете потопете ги во топла вода.

По еден час држење во вода од стопалата лесно се отстранува курјето око, а ако се работи за потврдокорни „примероци“, третманот повторете го четири до пет пати.