Број на текстови објавени денес: 45
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Шилегов упадна на прес-конференција на Трајановски и го покани на ТВ соочување ВИДЕО

Untitled(28)

Кандидатот за градоначалник за Град Скопје од редовите на СДСМ, Петре Шилегов влезе на прес-конференција на неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски за да го покани конечно да излезе на телевизиски дуел.

Кандидатите за градоначалници на Скопје, вечерва треба да се појават на дебата на Топ тема на Телма ТВ.

Трајановски претходно не се појави ниту на дебата на што ја емитуваше Телевизија 24, а не излезе ниту на дуелот во Само вистина на Канал 4 ТВ.