Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Цукерберг руши рекорди со најголема заработка

facebook-mark-zuckerberg

Основачот и директор на интернет гигантот Фејсбук, Марк Цукерберг остварил најголема заработка годинава и му фали уште некоја милијарда за да избие на самиот врз како најбогат човек на светот, титула која има големи шанси да ја освои во наредните години.

Според податоците на Блумберг, Цукерберг заработил 21,3 милијарда долари, со што неговото вкупно богатство порасна на 73,1 милијарди.

На листата на Bloomberg со најбогати луѓе во светот на прво место се наоѓа Бил Гејтс осовачот на Мајкрософт, потоа следува Џеф Безос кој за кратко го освои врвот но, потоа падна вредноста на акциите на Амазаон, трет е основачот на брендот Зара, Аманчо Ортега, четврти е финансискиот инвеститор Ворен Бафет, а петти е младиот Цукерберг.