Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Царовска: Работниците да ги пријават работодавачите кои го бараат назад минималецот

плата(23)

Работниците да ги пријават работодавачите кои им исплатиле минимална плата, а потоа ги побарале парите назад, апелираше денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред денешната середба со бизнисмените во Стопанската комора на која им беа презентирани активните мерки за вработување за годинава.

– Мораме да го документираме ваквото однесување за да се спречи незаконитоста. Целосно ќе застанам зад секој работницик кој ќе пријави вакво незаконско работење – рече Царовска.

Министерката рече дека сите кои нема да исплатат минимална плата ќе бидат казнети.

– Оние кои нема да исплаќаат минимална плата ќе бидат казнети, зашто законите мора да се почитуваат – рече Царовска.

Министерката очекува во наредните месеци компаниите да се охрабрат и да конкурираат за субвенциите кои се нудат за исплата на минимална плата без при тоа да се плашат од инспекции.

– Запозната сум дека некои компании од кожарската индустрија не можат да исплатат минимална плата. Затоа ги повикувам преку Стопанската комора да понудат решенија кои ќе ги разгледаме и ќе помогнеме – рече Царовска.

Таа информира дека минтиот месец само 2.300 компании побарале субвенции за исплаќање минимлана плата, а за овој месец допрва ќе се види, изјави министерката за труд и социјлана политика Мила Царовска пред денешната средба со бизнисмени во Стопанската комора на кои им беа презентирани активните мерки за вработување.

–  Во 90 отсто од компаниите во земјава се исплатени минималните плати што укажува на тое дека компаниите и досега можеле да ја исплатат минималната плата – рече Церовска.