Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Ципрас му е потребен на Ердоган

1 ципр

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се врти кон грчкиот премиер Алексис Ципрас, како еден од ретките европски политичари со кого има отворена добра соработка, оценува германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЗ) по повод денешната посета на шефот на турската држава на Грција.

– На Ердоган му е потребен Ципрас. Во моментов, (Доналд) Трамп и Ердоган се откажуваат еден од друг, додека Ципрас има добри односи со американскиот претседател и не го крие тоа – пишува ФАЗ.

Според весникот, на некој начин и Ердоган и Ципрас ги мобилизираат своите поддржувачи на сличен начин.

– Ципрас ги дели луѓето на богати и сиромашни, додека Ердоган ги дели на верни сунити и неверници, оценува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Германскиот весник наведува дека отворените прашања меѓу двете земји го вклучуваат и спорот околу екстрадицијата на осумте турски офицери кои побараа азил во Грција по неуспешниот воен удар во 2016 година, како и трката во вооружување.

Турција беше дел од проектот за развој на најмодерните американски ловци Ф-35, на што Грција одговори со проект за модернизирање на нејзините авиони Ф-16, за што, сепак, според весникот, Грција веројатно нема да има доволно пари.