Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

ФЗОМ чека конзилијарно мислење за да ѝ помогне на Валерија

фзом(4)

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) во однос на апелот за донација за лекување во странство на девојчето Валерија Зафировска, стапи во контакт со родителот и утврди дека осигуреното лице не располага со конзилијарно мислење од соодветна македонска здравствена установа.

„Иако немаме добиено барање за лекување во странство на малата Валерија, Фондот за здравствено осигурување веќе закажа состанок со стручните лица од ЈЗУ УК за неврохирургија и со ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести кои ќе го дадат својот наод и стручно мислење. Фондот максимално брзо ќе одговори и ќе излезе во пресрет на барањето за лекување во странство за осигуреното лице доколку конзилијарно мислење е потврдено од соодветната клиника и во согласност со законските прописи. Фондот искрено се надева дека лекувањето ќе биде успешно“, се наведува во соопштението на ФЗОМ.