Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Управниот суд почна да решава по поднесените тужби од партиите

upraven-sud-2-640x392

Судечките совети при Управниот попладнево почнаа да ги разгледуваат тужбите поднесени од партиите против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата.

Како што информираа од Судот за МИА, поднесени се вкупно 27 тужби, од кои 24 поднела ВМРО-ДПМНЕ, две ТМРО и една е од Левица.

Судечките совети на Управниот суд по овие тужби треба да се изјаснат 48 часа од нивното поднесување. По тужбите ќе одлучуваат пет судечки совети составени од по петмина судии од Управниот суд избрани по пат на жрепка. Тужбите електронски им се распоредуваат на судиите, а одлучувањето ќе биде на јавни седници.

Управниот суд синоќа ја отфрли тужбата од Ѓорѓи Шарковски против, како што стои во поднесениот документ, „државната администрација во Кривогаштани“ заради оневозможување на собирање потписи за градоначалник и членови на совет во Општина Кривогаштани. Решнието го донесе Управениот суд во совет составен од тројца судии на нејавна седница на советот.

Во меѓувреме тече кампањата за вториот круг од изборите. Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување барања за гласање на болни и изнемоштени лица.

Вториот круг од локалните избори е на 29 октомври.