Број на текстови објавени денес: 45
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Убедлива победа за шахистите на Алкалоид, а висок пораз на Гамбит Асеко

алкао

Македонските екипи „Алкалоид“ и „Гамбит Асеко“ на Европскиот клупски куп што се игра во Анталија во рамките на 4. коло имаа променлив успех. Европскиот првак „Алкалоид“ ја победи француската екипа „Ница“ со 5:1, додека „Гамбит Асеко“ загуби од руската екипа „Глобус“ со 5,5:0,5.

Екипата на „Алкалоид“ забележа пет победи, а триумфи остварија: Динг Лирен, Дмитри Андрејкин, Ју Јангји, Димитри Јаковенко и Јури Криворучко, додека мечот на втората табла го загуби Павел Ељанов.

Во убедливиот пораз на „Гамбит Асеко“ единственото реми го одигра Марјан Митков, додека порази претрпеа: Петар Арнаудов, Никола Николовски, Богдан Подлесник, Орце Данчевски и Дејан Динев.