Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL

„Трансмет” на Сеад Кочан доби нов тендер од ЕЛЕМ

Sead-Kocan_3

„Трансмет“ на Сеад Кочан доби уште еден тендер од државната ЕЛЕМ. Над 9 милиони денари е вреден новиот договор за користење на повеќетонската автодигалка која ќе работи во РЕК Битола.

За ЕЛЕМ, нема ништо спорно што во моментов целиот имот и сметките на фирмата се замрзнати од судот. Објаснуваат дека јавната набавка била спроведена лани, а оценета на почетокот од годинава, пред СЈО да отвори истрага преку која го сомничи Кочан дека ги измамил токму државни електрани.

„Трансмет“ со новиот договор една година ќе работи во РЕК. Останува нејасно како ЕЛЕМ ќе и плати на фирмата на Кочан кога сметките се замрзанти.

„Сите економски оператори имаат еднаков третман, впрочем, како што децидно е предвидено во законската регулатива. Како договорен орган, АД ЕЛЕМ, има обврска во целост да го почитува законот за јавни набавки и компанијата при спроведување на секоја постапка исклучиво се води според законската регулатива, избира економски оператори кои ги исполнуваат условите предвидени во тендерската документација и имаат најповолни понуди“ соопштија од ЕЛЕМ

СЈО е без коментар за последниот тендер кој го доби „Трансмет“ од ЕЛЕМ. Информираа дека ја обжалиле одлуката на Кривичниот суд кој пресече дека Сеад Кочан нема да оди во притвор.

Судот за 48 часа треба да донесе одлука по жалбата. Инаку, Катица Јанева го сомничи сопственикот на „Трансмет“ дека со лажни документи формирал конзорциум заедно со „Силекс Неметали“ и „Вато“ и добил тендер од 17 милиони евра. Иако документацијата била лажна, Комисијата за набавки во ЕЛЕМ дала зелено светло, рече Фатиме Фетаи кога ја објави истрагата.

Извор: Алсат-М