Број на текстови објавени денес: 0
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Трамп му забрани влез во САД, режисерот Фархади го зема Оскарот во Кан

фе(2)

Иранскиот режисер Асгар Фархади, кој не можеше да присуствува на Оскарите и да ја земе златната статуетка за филмот „Трговски патник“ поради забраната на Трамп за влез, конечно го доби Оскарот на фестивалот во Кан.

Меридит Ши, претставник од Академијата, допатувала до Кан за да им ја врачи наградата на Фархади и на продуцентот Александар Малет-Гај, за нивната работа за оскаровскиот филм од 2016 година.

Режисерот Фархади неговото патување во Лос Анџелес го откажа поради указот од американскиот претседател Доналд Трамп за забрана за влез во земјата на државјани од седум претежно муслимански земји, меѓу кои и Иран.

Оскарот му беше врачен на втората вечер од 70-тото издание на Канскиот фестивал.