Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Топла вода со лимон е само мит!

voda(39)

Иако многумина веруваат дека топлата вода со лимон е добра за здравјето и дека поттикнува чистење на организмот, новата студија покажала дека тоа е, всушност, мит. Молекуларниот фармаколог и токсиколог Ијан Мусгрејв истакнува дека не постојат научни докази дека напивките како вода со лимон влијаат врз детоксикација на телото.

Научникот додава дека топлата вода со лимон, иако не ги отстранува токсините, овозможува хидратација, го зголемува нивото на витаминот Ц во организмот и го намалува внесот на калории во организмот.

– Умерените долготрајни промени во исхраната и вежбањето, поттикнуваат детоксикација на организмот, а не некакви чудотворни напивки – истакнал Мусгрејв и порачал дека производите за детоксикација се само маркетиншки трикови.

Освен тоа, научникот смета дека наталожувањето на токсините во човековиот организам е глупост.

– Постои врежано мислење за таложењето на токсините, но тоа не се случува. Во повеќето случаи тие отрови брзо се исфрлаат од организмот. Од друга страна, поедини токсини растворливи во масти ќе се наталожат во масните наслаги доколку се внесуваат побрзо отколку што работи метаболизмот, но никаква количина сок ниту потењето нема да доведе до нивно исфрлање од организмот – заклучил тој.